Пет начини за поздрав живот!

Велат дека не постои рецепт за вечна младост, здравје и убавина. Меѓутоа, постојат начини долго да уживате во добра форма.

Долговечноста отсекогаш била сон на човештвото. Оттаму легендите за филозофскиот камен или чудните напивки – се оние што даваат вечен живот само во бајките. Меѓутоа, реалноста ни дава научни истражувања според кои човечкото тело е дизајнирано да живее и над 100 години. Ни се чини невозможен, но правилниот начин на живеење секако може значајно да го продолжи животот и да го подобри неговиот квалитет.

Откријте ги петте начини за поздрав живот!

Јадете помалку

Ако почнете да јадете една четвртина помалку од вообичаено, ќе го намалите дневното внесување калории на 2.000, ќе му помогнете на срцето подобро и подолго да работи. До ваквите заклучоци дошле научниците од Медицинскиот факултет во Вашингтон во Сент Луис, кои спровеле студија на мајмуни.

Кај оние на кои им е намалено дневното внесување храна функционирањето на срцето се променило – почнало да работи како кај 15 години помладите мајмуни.

Удомете куче

Кучето значи одење, а одењето е прав благодат за телото и благосостојбата. Студиите покажале дека секојдневната прошетка помага во борбата против благата до умерена депресија. Исто така, кучето дејствува како пилула против хипертензија, холесторол и алергија.

Контактот со четвороножните го забавува отчукувањето на срцето и го регулира ослободувањето адреналин. Американското здружение за кардиологија дури тврди дека домашното куче го намалува ризикот од срцеви болести. Исто така, помага при намалувањето на хормонот на стрес.

На крајот на краиштата, терапијата со кучиња не настанала тукутака.

Тренирајте го мозокот

Читајте, учете, решавајте загатки. Колку мозокот е поефикасен, толку е помал ризикот од развој на Алцхајмер или проблеми со паметењето.

Истражувањето на д-р Андреа Фентон од Универзитетот во Њујорк покажало дека мозокот може да се тренира исто како мускулите. И како што веќе знаете, силните и добро тренирани мускули траат со години за разлика од оние неискористените, кои практично со тек на времето исчезнуваат.

Организирајте состаноци

Колку повеќе сте осамени, толку полошо се чувствувате. Шведскиот институт спровел студија која покажала дека социјалниот ризик од деменција се намалува за половина кај личноста што често е меѓу луѓе.

Истражувачите од Универзитетот во Лос Анџелес ги идентификувале гените што покажуваат прекумерна активност кај осамените луѓе. Тоа за возврат доведува до воспалени процеси и како последица на тоа се добива лезија.

Подобро е да го спречите отколку да го лечите

Промената на животниот стил и искоренувањето на лошите навики е предизвик. Меѓутоа, лошите навики треба да се променат затоа што кога ќе се разболите, може да биде предоцна. Лечењето е обично доста скапо. Затоа е многу вредно да размислите за лично осигурување, како и за своите најмили, во случај на болест.

Денес, на пазарот е достапно осигурување што ви овозможува да се лекувате кај најдобрите стручњаци во којабило земја во светот. Дури можете и да се осигурите во случај на рак или поради потреба од реконструктивна пластична хирургија.

Текстот Пет начини за поздрав живот! е превземен од Reporter.mk.