Струмичаенцот Никола Секулов ќе игра со Роналдо во Јувентус

Седумнаесетгодишниот фудбалер со потекло од Струмица Никола Секулов, потиша професионален договор со италијанскиот калчолигаш Јувентус. За време на промоцијата тој се дружеше со најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо.

Секулов има настапувано и за Македонија, но својата кариера реши да ја продолжи во Италија. Младиот играч важеше за голем талент во македонскиот фудбал, но поради несогласувањата со челниците во Фудбалската федерација на Македонија, Секулов кариерата реши да ја продолжи во Италија.

Секулов има право да игра за Италија затоа што во таа земја е роден. Секулов игра во средиот ред. Поседува неверојатна фудбалска техника, која ја усоврши во младинските категории на Јувентус. Сега тој направи голем чекор напред во кариерата, па потпиша професионален договор со „бјанконерите“.

Текстот Струмичаенцот Никола Секулов ќе игра со Роналдо во Јувентус е превземен од Reporter.mk.