Лондон на скалата на паметни градови се најде на првото место пред Њујорк. Двете метрополи оваа година ги сменија местата по најновото истражување за паметни градови.
Успешноста се мери во девет димензии, а тоа е човечкиот капитал, социјалната кохезија, економија, управување, животната средина, мобилноста и сообраќајот, урбаното планирање, меѓународната успешност и технологија.
Токму на овие основи, Лондон, според истражувањето за кое се заслужни професорот Паскал Берон и Џоан Енрик Рикарт, ја завзема првата позиција, откако претходно, три години по ред ја држеше втората позиција.
Веднаш зад Лондон е Њујорк, кој на втората позиција се најде откако претходно три години по ред беше апсолутно број еден.
Амстердам кој се наоѓа на десеттата позиција во 2018 година, според меѓународната успешност, оваа година оствари забележителен скок од дури седум места на скалата.
Експерти од Центарот за глобализација и стратегија IESE Biznis skill, го истражувале степенот на развој на 174 градови во 80 земји.
Концептот на рангирање овозможува препознавње на силата и слабоста на градовите, а со оглед на тоа дека се мери одржливоста на економска, општествена, еколошка и технолошка основи, може да се процени квалитетот на животот на сите граѓани во овие градови.
Текстот Лондон го престигна Њујорк на листата на паметни градови е превземен од Reporter.mk.