Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и покрај болките во рамото успеа да го победи Хуан Игнасио во третото коло на УС-Опен. Србинот по победата над Аргентинецот се пожали на болки во левото рамо.
„Повредата влијаеше на мојот сервис, но не би сакал да зборувам за тоа, туку сакам да му честитам на противникот кој покажа одличен натпреварувачки дух. Победив во три сета, но дефинитивно ова беше многу тежок меч за играње. Разменивме многу удари, особено во вториот сет, кога водеше со 3:0. Ви благодарам на сите што дојдовте, иако врнеше дожд, фала што не поддржавте“, изјави Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер подоцна ја објасни ситуацијата околу повредата на левото рамо.
„Повредата ме мачи веќе подолго време и не е лесно да се игра кога чувствувате болка, но морате да најдете начин тоа да го надминете. Морате да ги користите вашите шанси. Јас имав среќа, особено во вториот сет кога се вратив. Ова не е прв пат да се соочам со вакви проблеми, но задоволен сум од тоа што го покажав на теренот“, вели Ѓоковиќ.
Текстот (Видео) Новак Ѓоковиќ со повредено рамо игра на УС-Опен е превземен од Reporter.mk.