Ед Ширан се повлекува од музичката сцена

Пејачот Ед Ширан на својот концерт во Ипсвич изјави дека се повлекува од музичката сцена. Ширан изјави дека  ова ќе биде турнејата Divide ќе биде неговата последна во кариерата, пренесува „Сан“.

„Девет милиони луѓе, 893 дена, 46 земји, 175 градови, 260 настапи, 268 луѓе во тимот, две скршени раце, три брака, четири деца. Оваа турнеја Divide беше прекрасна“, изјавил кратко музичарот по неговиот настап.

Ширан изјавил дека планира да се повлече од сцената најмалку година дена. Сега како што вели, музичарот своето време ќе го троши на своето семејство, сопругата Шери Сиборн. Двојката во јули потврди дека тајно се венчале.

Ширан и Шери се заедно уште од средношколските денови.

„Како што можеби знаете, на оваа турнеја сум повеќе од две години и ова е последниот ден. Постои нешто многу слатко во сето тоа. Многу ми е драго што сте овде со мене и што сè се завршува во Ипсвич. Ова ми е сигурно последната свирка во следните 18 месеци. Свиревме заедно во разни делови во светот. Низ Англија, Америка, Нов Зеланд, Австралија, Азија, Јужна Америка. Тоа беше лудо патување“, изјавил Ширан пред фановите во Ипсвич.

 

Ширан се заблагодари и на луѓето од неговиот тим. Тој се врзал премногу за нив, па сега се чувствува како да раскинал со девојка со која излегувал со години.

„Тешко е што на сето ова му дојде крајот. Фала ви на сите кои бевте вклучени во оваа турнеја, на сите кои ми помогнавте да направам албум, на сите кои ми помогнавте да го промовирам, како и на фановите кои го слушаа и дојдоа на настап. Ништо од ова не би било можно без вас. Турнејата беше од 2017 до 2019 година, но ја преживеавме“, изјавил Ширан.

За крај пејачот изјавил дека му е важно да биде со неговата сопруга, да основаат семејство, затоа што не планира цело време да биде отсутен.

„Ќе основам живот со Шери. Не можам во следните 20 години да бидам без деца. Децата би можеле да ми ги променат работите и не би ми сметало да се жртвувам за нив“, изјавил Ширан.

 

 

Текстот Ед Ширан се повлекува од музичката сцена е превземен од Reporter.mk.