Бијонсе се најде на насловната страница на престижниот магазин „Вог“, каде зборуваше за успешната музичка кариера и мајчинската. Во ексклузивната приказна за најважното годишно издание, септемвриското, Бијонсе отворено зборуваше за животот, телото и наследниците.
Главната уредничка на „Вог“, Ана Винтур, одлучила својата уредничка позиција да ѝ ја препушти на Бијонсе, која самата ги бирала фотографиите што ќе се најдат во магазинот и кој ќе го пишува текстот за неа.
Што се однесува до изборот на фотограф, Бијонсе се одлучи за младиот Тејлор Мичел, кој благодарение на поп-дивата стана првиот афроамерикански фотограф кој снимал за насловната на септемвриското издание на престижниот магазин.
За текстот заслужна е Кловер Хоуп, на која Бијонсе искрено ѝ раскажала за својот живот.
„По раѓањето на првото дете верував во ставот на луѓето за тоа како треба да изгледа моето тело. Себеси се ставив под притисок дека за три месеци треба да симнам многу килограми. Дури и договорив мини турнеја за да го постигнам тоа. Размислувајќи за тоа од денешна гледна точка, ваквата постапка ми изгледа налудничава. Сè уште доев во текот на настапот во Атлантик Сити во 2012 година. По раѓањето на близнаците, на овие работи им пристапувам сосема поинаку“, признава Бијонсе зборувајќи за опасната ситуација во која близнаците се нашле.
„Бев потечена од токсемија и повеќе од месец дена морав да минам во кревет. Моето здравје и здравјето на близнаците беше во опасност па морав да одам на итен царски рез. Многу месеци минавме на интензивниот оддел за прерано родени бебиња. Сопругот беше вистински војник и моја огромна поддршка. Горда сум што можам да посведочам на неговата сила и развој во улогата на маж, најдобар пријател и татко. Јас минував во фаза на преживување и дури подоцна станав свесна што се случило“, открива Бијонсе.
Заздравувањето траело долго.
„Ми требаше време да заздравам и да се излечам. Во тој период си посветив себеси многу љубов и грижа и почнав да ги прифаќам своите облини. Го прифатив тоа што моето тело сака да биде. По половина година почнав да се подготвувам за Coachellu. Привремено станав вегетаријанец, се откажав од кафето, алкохолот и сите овошни напитоци. Но бев трпелива и уживав во своите облини. Моите деца и сопруг исто така“, изјавила Бијонсе.
Бијонсе смета дека е многу важно жените, но и мажите да ги видат и ценат убавините на своите природни тела. Од таа причина, пејачката одлучила да се слика за насловната на „Вог“ без штипки во косата и со минимална шминка на лицето.
„Моите раце, рамена, гради и бедра се малку полни. Имам стомак и не брзам да се ослободам од него. Мислам дека тоа сум вистинската јас. Кога ќе посакам плочки на стомакот ќе почнам да вежбам како животно и ќе го вложам целиот мој труд додека тоа не го постигнам. Но, моментално се чувствувам како што треба“, заклучила Бијонсе самоуверено, како вистинска дива.
Текстот По раѓањето на близнаците, минав низ фаза на преживување е превземен од Reporter.mk.