20 венчаници за невести кои сакаат нешто поинакво

Трендовите доаѓаат и си одат, како секојдневната, така и во модата за венчавки.

А, денес особено ќе се фокусираме на венчаниците. Меѓутоа, ако прво на памет ви падна класичниот бел фустан, мораме веднаш да ви кажеме дека тука нема да го пронајдете. Зошто? Затоа што во последните неколку сезони владее трендот кој диктира нешто поинакво, односно нетрадиционален стил кој ѝ дозволува на секоја млада невеста да одбере нешто баш по свој вкус. Во ваквите дизајни, невестата ќе може во потполност да го истакне својот карактер и стил во кој ќе се чувствува добро.

Денес ќе можете да инвестирате во фустан која воопшто не е венчаница, а со самото тоа ќе заштедите и многу пари. Од друга страна можете да купите (или изнајмите) фустан која не носи етикета на венчаница, но која ни малку не потсетува на оние креации во кои сме навикнале да ги гледам невестите пред олтарот.

Инспирирани од овие трендови, посакавме на едно место да собереме неколку силуети на фустани кои ќе ви наговестат дека одите надвор од сите правила и ќе го понесете првиот фустан во кој сте се заљубиле на прв поглед – без разлика дали е или не е „венчаница“.

Уживајте!

Текстот 20 венчаници за невести кои сакаат нешто поинакво е превземен од Reporter.mk.