(Фото) Скарлет Јохансон ги покажа тетоважите на црвениот тепих

Актерката Скарлет Јохансон го сврте вниманието на присутните кон себе на 76. филмски фестивал во Венеција. Таа се појави на промоцијата на својот нов филм Marriage Story, а на црвениот тепих прошета во црвен фустан.

Скарлет изгледот го комплетираше со чевли со високи потпетици во иста боја како и фустанот, а  нејзината фризура и даде таканаречен „вет лук“. Сепак, најмногу до израз дојдоа нејзините тетоважи на грбот.

Скарлет има истетовирано приврзок на десната рака, изгрејсонце на левата надлактица, круг во кој е напишана буквата „А“ на зглобот на ногата и цвет на грбот, а под него лежи јагне.

Ружите на грбот актерката ги има посветено на нејзината ќерка Роуз.

 

 

Текстот (Фото) Скарлет Јохансон ги покажа тетоважите на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.