„Кој доктор даде одобрување Марко да плива 64 километри“? -реагира Наташа Мешковска

Поранешната македонска пливачка Наташа Мешковска преку својот Фејсбук профил го искоментира обидот на младиот Марко Пејчиновски од Охрид да преплива 64 километри.

И покрај тоа што не успеа во својата намера, подвигот на ова младо момче со претрпен инфаркт на нзоете и покрај честитките, наиде и на критика.  Се поставуваат прашања зошто се дозволува и се  ризикува со дете кое има само 13 години да исплива толкав број на километри во водите на Охридското Езеро.

Меѓу нив се огласи и познатата пливачка Наташа Мешковска:

„ Почитувани пријатели, дали Марко можеше да плива 10 км, за подигање на свеста? Кој одлучи дека треба да плива токму 64 км? Кој е докторот кој даде одобрување за вакво нешто? Со кој памет федерацијата го одобри и поддржа настанот? Најдобронамерно, апел до родителите и тимот (ако воопшто го има), во иднина, консултирајте стручни лица пред да го ставите детскиот живот во опасност? Ако не им верувате на нашите, консултирајте било кој од фелата во регионот“, напиша Мешковска.

За потесетување, Марко на Голема Богородица требаше да го преплива триаголникот Охрид,- Струга,- Св, Наум- Охрид но се откажа заради болки во нозете.

Текстот „Кој доктор даде одобрување Марко да плива 64 километри“? -реагира Наташа Мешковска е превземен од Reporter.mk.