(Видео) На 96 години го собори сопствениот рекорд во нуркање

Најстариот нуркач на светот, 96-годишниот Реј Вули (Ray Woolley), го собори сопствениот рекорд во саботата, кога се нурна кај остатоците од бродот „Zenobia“ во близина на брегот кај Ларнака на Кипар, пренесуваат агенциите повикувајќи се на локалните медиуми.

Овој британски ветеран од Втората светска војна кој живее на Кипар, нуркал до длабочина од 42,5 метри цели 48 минути, соборувајќи го со тоа сопствениот Гинисов рекорд од 40,6 метри за 44 минути, поставен ланскиот септември, кога стана најстариот нуркач на светот откако нуркаше до потонатиот со 108 камион во 1980 година ферибот „Zenobia“.

Околу 60-ина нуркачи од целиот свет и меѓународни школи за нуркање учествуваа во овој настан. Воли по поставувањето на рекордот изјавил оти се надева дека ќе биде во добра здравствена состојба и следната година кога има намера повторно да го собори рекордот. Деведесет и шестгодишникот притоа изјавил дека има цел активно да нурка сѐ додека не наполни 100 години.

Вули, кој наполни 96 години во средата, има обожаватели ширум светот и учествуваше во снимањето на документарниот филм „Животот започнува во деведесеттите“ (Life Begins At 90.), кој се занимава со неговиот живот и љубовта кон нуркањето. Филмот е продуциран и снимен на Кипар, и доби бројни признанија и награди намеѓународните филмски фестивали.

Текстот (Видео) На 96 години го собори сопствениот рекорд во нуркање е превземен од Reporter.mk.