(Фото) Расел Кроу ја залижа косата и пушти брада

Оскаровецот Расел Кроу (54) има нов имиџ. Актерот објави фотографија на која има седа брада и залижана коса. Фановите се во недоумица дали новиот изглед е резултат на подготовка за новата улога или станува збор само за промена на имиџот.

„Подготовка на актерот“, напишал Расел под видеото во кое ги негува брковите и брадата.

Кроу се подготвува за улогата на бандитот Хари Повер во филмот „Вистинската приказна на бандата на Кели“.

Расел е воодушевен со својата преобразба, за разлика од фановите, кои сметаат дека има тажни очи и изгледа депресивно.

Актерот неодамна направи аукција на која ги распродаде сите предмети од поранешната сопруга, пејачката и актерка Даниела Спенсер (48). Вели дека го потсетуваат на пропаднатиот брак. Аукцијата ја нарекол „Уметност на разводот“ и ја организирал во Сиднеј. Истата се случи на неговиот 54. роденден и нивната годишнина од брак. Ја промовирал недела дена претходно.

The actor prepares

A post shared by Russell Crowe (@russellcrowe) on

„Работевме на тоа година дена. Тоа е начин на Расел да стави крај на деветгодишниот брак“, изјавил Гери Сингер, австралиски трговец со уметнички дела.

 

Текстот (Фото) Расел Кроу ја залижа косата и пушти брада е превземен од Reporter.mk.