Андреј Стојаноски го освои петтото место на 200 метри мешано на Светското првенство во пливање за глувонеми, што се одржува во Сао Пауло.
Стојаноски (24) во финалната трка оствари време од две минути, 16 секунди и 16 стотинки, при што за 11 секунди беше побавен од новиот светски шампион Рјутаро Ибара од Јапонија.
Тој се квалификуваше во финалето со шестото најдобро време, кое изнесуваше 2:17,65 минути, за потоа да го оствари својот најдобар резултат на ова првенство.
Стојаноски, кој работи со тренерот Методије Ангелевски, претходно пливаше и во финалето на 200 метри слободно (осмо место), 400 метри слободно (седмо), 800 метри слободно (десетто) и на 400 метри мешано (седмо).
Текстот Андреј Стојаноски го освои петтото место на Светското првенство во пливање за глувонеми е превземен од Reporter.mk.