Новиот „ровер“ на Марс ќе има вградено мини хеликоптерче

Инженерите што работат на новиот америнкански „ровер“, кој ќе биде испратен на Марс, работеа на својот најнов и можеби највозбудлив експеримент и му вградија хеликоптер.

Минијатурниот хеликоптер го нарекоа бонус за мисијата во 2020 година, пренесува Би-би-си.

Ова е првото летало од ваков тип, кое е наменето за друга планета. Ако се открие дека функционира, би било неверојатно – но дури и да се резултатите спротивни, тоа нема во никој случај негативно да се одрази врз целите на НАСА.

Новиот Марс-ровер е речиси идентична копија на возилото „Кјуриосити“, кое успешно беше испратено на Марс во кратерот Гејл во 2012.

Новата мисија е насочена кон друг таргет, односно кратерот Џезеро, со ширина од 50 километри.

Инженерите работат на последните детали на возилото во лабораториите на НАСА во Калифорнија.

Текстот Новиот „ровер“ на Марс ќе има вградено мини хеликоптерче е превземен од USB.mk.