Есенски љубовен хороскоп

Овен

Оние кои се сами, оваа есен сè уште ќе бидат во потрга по љубов. Сите слободни Овни ќе имаат тешкотии во пронаоѓањето партнер. Оние пак кои се во врска, ќе се трудат да го подобрат својот емотивен живот.

Бик

Во текот на есента, биковите ќе ги сносат последиците од летните авантури, трудејќи се да ги остават зад себе. Некои од нив ќе успеат, додека останатите, летната авантура ќе ја претворат во сериозна врска.

Близнаци

Во текот на есента, близнаците ќе бидат спремни за нови почетоци. Ова најмногу се однесува на оние кои со години избегнуваат сериозни врски или брак. Сега ќе бидат спремни и на такви чекори.

Рак

Оние ракови кои се во врска или брак, оваа есен ќе имаат прилично трнлив пат. Односот со партнерот ќе им биде ставен на голем тест, па ќе бидат потребни обострани компромиси. Кај слободните ракови, постојано ќе се појавуваат нови личности, а тие ќе бидат спремни за уживање, истражување и за забава како никогаш досега.

Лав

Со пристигнувањето на есента следува последниот период во кој лавовите навистина треба да се борат за нивната љубовна приказна. Слободните лавови во овој период ќе бидат во своето стандардно расположение, уживање и слобода.

Девица

За време на есента, доколку некои врски се прекинати во текот на првата половина на годината, во овој период може да дојде до обнова на односите. Кај некои девици кои се во брак, ќе дојде до прекин на тајната љубов.

Вага

Со пристигнувањето на есента, оние кои го зачувале својот брак или врска, можат да бидат мирни. Неопходна е толеранција, а вие знаете како да ја задржите. Слободните ваги ќе се препуштат на страстите, сè додека не ги погоди минатото и личноста која оставила белег на нивното срце. Повторно ќе започнат љубовните игри.

Скорпија

Со пристигнувањето на есента, сè ќе си дојде на свое место. Сега знаете на што сте. Ова се однесува на оние кои се во брак или во подолга врска. Што се однесува до слободните, во овој период ќе лутаат, малку ќе се навратат на минатото, малку ќе се активираат околу нови личности, иако ќе бидат свесни дека со нив можат да имаат само авантура.

Стрелец

За време на есента, стрелците ги очекува проблеми во љубовните односи. Постојат шанси некои од нив, на почетокот од есента, конечно да стават крај на врската или на бракот. На слободните стрелци ќе им биде превртен еден голем дел од минатото, па постои голема шанса да обноват врска со некој кој порано им бил партнер.

Јарец

Оваа есен, оние кои се во врска ќе имаат прилика да ја стабилизираат ситуацијата со саканата личност, но тоа ќе биде прилично тешка задача. Слободните јарци овој период главно ќе уживаат. Некои врски од минатото повторно ќе се појават, па треба да размислите дали е вредно да се издигнат од пепелта или не.

Водолија

Есента за водолиите е време за испитување на ситуацијата, но ни во овој период нема да биде лесно. Некои односи нема да можат да бидат спасени. Од друга страна, оние кои се во подолги емотивни врски можат да отидат во друга крајност и нагло да се одлучат за почеток на заеднички живот или брак. Што се однесува до слободните, некои од нив ќе се одлучат да се вратат кај бившиот партнер, а другите ќе започнат со нови љубовни освојувања.

Риби

Есента им носи проблеми на сите риби кои се во какви било забранети односи, без разлика се слободни или во врска. Со некои дилеми дефинитивно ќе завршат и ќе сфатат кон кои личности треба да се обратат и да им посветат внимание и љубов.

Текстот Есенски љубовен хороскоп е превземен од Reporter.mk.