Бендот The Mole Pack го сними својот прв албум Gambling Man. Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри влијание.
„Нè собра Димитар, кој е веќе долго време блуз фанатик, и го напиша целиот материјал за албумот. Пред сè, сите ние сме блиски пријатели, па музичката конекција и разбирање дојдoa природно” – вели Александар Ѓорѓиески, главниот вокал на бендот.
Во бендот се Димитар Даневски (ритам и соло гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас гитара) и Глигор Гишо Динев (тапани).
Од бендот велат дека имаат и пријатели и музичари од кои добиваат голема помош.
Меѓу нив се Дарко Стојоски (ритам и соло гитара), Златко Андријевски (ритам и соло гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други блиски пријатели.
Текстот Бендот The Mole Pack го сними својот прв албум е превземен од Reporter.mk.