По доминацијата на Мартин Делев изминатите три трки, вчера на патеката „Ушче“ во Белград триумфираше Давид Малиновски во рамките на „Твинго куп“.
Малиновски до победата дојде со вкупно време од 33:18,951 минути, пред Емил Нацка, кој доцнеше само 0,226 секунди. Место на подиумот имаше и за третопласираниот Слободан Трајковски.
Трикратниот победник сезонава, Делев, во Белград финишираше на четвртото место, додека петти беше Иван Стефановски.
Тројца возачи не ја завршија трката, а тоа се Томас Трајановски, Александар Кочевски и Ангелче Стојковски.
TWINGO CUP продолжува со петтата трка сезонава, што ќе се одржи во Кичево од 20 до 22 септември.
Текстот Давид Малиновски со премиерна победа на „Твинго куп“ е превземен од Reporter.mk.