Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ вели дека е фрустриран поради повредата на рамото, поради која мораше да го предаде мечот против Стен Вавринка во осминафиналето на УС Опен.
По мечот Србинот изјавил дека поради силните болки во левото рамо, тој не можел да го продолжи мечот.
„За жал не можев да продолжам. Му честитам на Стен. Тој е голем играч. Му посакувам сè најдобро до крајот на турнирот. Искрено, не сакам да зборувам премногу за повредата. Кажав и претходно и сега се држам до истото. Се повлеков и кажав дека левото рамо е во прашање. Немам повеќе што да додадам“, изјави Ѓоковиќ пред новинарите.
Додека си заминуваше Ѓоковиќ дел од публиката го исвиркаа, разочарани од прераното откажување од турнирот.
„Никој не ме навреди, но се однесуваа лошо кон мене. Искрено, не обрнувам мнову внимание на сето тоа. Сакам да ги почитувам другите, така што се надевам дека и другите ќе ја почитуваат мојата одлука. Жал ми е поради публиката, очигледно дојдоа да го гледаат мечот, но тоа не се случи. Тоа е сè што можам да кажам“, изјавил Ноле.
Ситуацијата во која се најде воопшто не му паднала лесно, вели Ѓоковиќ.
„Се разбира дека ме фрустрира, многу сум фрустриран. Очигледно дека не сум ни првиот, ниту последен играч кој се повлекол од големо натпреварување. Штотуку излегов од теренот, но секако дека е болно“, вели Ѓоковиќ.
6-4, 7-5, 2-1 (ret.)@stanwawrinka returns to the QF after Djokovic retires from the match.#USOpen pic.twitter.com/3cGoWzcE0b
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2019
На прашањето на новинарите дали светскиот тенисер нема да игра подолг период, Ѓоковиќ изјавил дека следува период на евалуација.
„Направив доста различни третмани и прегледи. Ги направив во последните неколку недели. Ќе морам повторно да ги направам. Ќе видима како рамото ќе реагира. Одморот и неиграњето секако ќе го забрзаат периодот на опоравување. Имам во план и турнир во Токио. Се надевам дека до тогаш ќе бидам во состојба да играм“, вели Ноле.
Текстот (Видео) Ѓоковиќ фруструран од повредата на рамото, публиката го исвирка по откажувањето од УС Опен е превземен од Reporter.mk.