(Видео) Астронаут ја сними бурата Доријан од вселената

Астронаутот Лука Пармитано од Европската вселенска агенција го снимил ураганот Доријан од вселената. Лука кој се наоѓа во Меѓународната вселенска станица, направил неколку фотографии од силната бура, окарактеризирана со јачина од категорија 5.

Откако Лука ги направил фотографиите, бурата има ослабено и сега се смета за ураган од категорија 4. Сепак експертите од Националниот центар за урагани (NHC) предупредуваат дека невремето сеуште може да има катастрофални последици од силината на ветерот.

„Зумирајте ја тропската бура Доријан“, напишал Лука на „Твитер“ во неделата на 1. септември, додека ги споделил фотографиите од станицата, каде работи како член од екипажот Ekpedition 60.

Бурата „Доријан“ во моментов дува со брзина од 250 километри на час и е оддалечена околу 180 километри источно од Вест Палм Бич на Флорида. Бурата се движи со брзина од 2 километри на час, велат од NHC. Од Националната управа за океани и атмосфера прогнозираат дека бурата ќе го удри источниот брег на САД.

Текстот (Видео) Астронаут ја сними бурата Доријан од вселената е превземен од Reporter.mk.