Oткриена црна дупка која не треба да постои

Научниците забележале црна дупка 100 пати поголема од масата на Сонцето, што е толку голема што не треба да постои.

Двапати поголемa д она што претходно се сметаше дека е можно, црната дупка е откриена со помош на детектори за гравитациони бранови ЛИГО и „Вирго“ на Европската опсерваторија за гравитација.

Црните дупки обично се создаваат кога sвездите пропаѓаат и снемуваат „гориво“, но тоа се случува само кога јадрото на ѕвездата има 50 пати помала маса од нашето Сонце, пишува „Квантум“.

Ѕвездите со маса помеѓу 50 и 130 пати поголема од сончевата маса или ги отфрлаат материите додека не бидат доволно мали или се самоуништуваат во силна експлозија, што значи дека новата црна дупка му пркоси на она што науката го сметаше досега за возможно.

И покрај тоа што научниците сè уште одбиваат да потврдат дека станува збор за црна дупка, списанието „Квантум“ известува дека тие се обидуваат прво да сфатат како е можно нејзиното постоење. Тие се сомневаат дека оваа црна дупка е резултат на судир и спојување на неколку помали црни дупки.

Текстот Oткриена црна дупка која не треба да постои е превземен од USB.mk.