Американската безбол ѕвезда Алекс Родригез ја продаде својата луксузна вила во западен Холивуд, по многу пониска цена од тоа што ја купил, за да може да се пресели кај неговата партнерка латино ѕвездата Џенифер Лопез.
Родригез можеби ја имал една од најубавите архитектонски изградени модерни вили, сместени во природно опкружување, пишуваат американските медиуми. Но и покрај убавото место, тој бил принуден да се ослободи од неа и да ја спушти цената за 400.000 долари.
Родригез вилата од 343 метри квадратни на почетокот ја купил за 4,4 милиони долари. Вилата поседува дневен престој кој се наоѓа на две нивоа, а основната карактеристика на оваа просторија е тоа што во неа се наоѓа масовен камин, кој се простира од подот до плафонот. Има четири спални соби, ист број на купатила, трпезарија и професионално опремена кујна.
Многу мермер, дрво, камења и минималистички решенија ја одликуваат внатрешноста на вилата, а посебно се истакнува огромниот прозор од каде се гледаат надворешниот базен и околната природа.
Текстот (Фото) Алекс Родригез ја продаде вилата ѝ се пресели кај Џенифер Лопез е превземен од Reporter.mk.