Шон Пол, музичарот од Јамајка и добитник на „Греми“, во Скопје доаѓа во рамките на својата летна турнеја. Тој ќе одржи концерт на 23 август на Стадионот АРМ, со почеток од 20 часот. Шон Пол доаѓа со својата комплетна 17-члена екипа, која вклучува танчари, бенд, како и техничка поддршка. Поради следниот закажан концерт, греми-добитникот во Скопје нема да се задржи долго, но сепак ќе има време да се запознае со публиката и да го види Скопје. Во однос на барањата што треба да има на располагање пред и по концертот, тој бил скромен, па неговата листа со барања изгледа отприлика вака – доволно чист простор за него и неговата екипа, многу вода, овошје и храна која би требало да е свежо приготвена. Колку за потсетување, билетите за концертот на Шон Пол чинат: 1 500 денари за партерот, 2 100 за фан-питот, ВИП-билет чини 2 700 денари, додека оние за ултра ВИП-делот се 8 500 денари. Организатори на концертот се Fusion Production&Akasha booking.
Текстот Шон Пол бара да биде чисто за настапот во Скопје е превземен од Reporter.mk.