(Видео) Мајка за прв пат ја сретна ќерка си по 54 години

Седумдесет и тригодишната Ен Блоџет за прв пат ја видела својата ќерка по 54 години. Таа во септември 1965 година, ја дала на посвојување затоа што во тој период се сметало за голем срам да родиш вонбрачно дете.

Ен вели дека ниту била во можност самата да ја одгледува. Како поминувало времето, Ен се обидувала да ја најде ќерка ѝ, но законот бил немилосрден и не можела да дојде до документите за нејзиното посвојување.

Во април 2017 година, нејзината братучетка Бет ја посоветувала да пробаат да ја пронајдат ќерка ѝ преку сајт на кој може да се спореди ДНК примерок со други луѓе. Бет вели дека нашла жена со која добар дел од ДНК-та им се поклопуваат.

Затоа што сите останати браќа, сестри и останати роднини ги познавала лично, таа веднаш се посомневала дека жената која ја откриле би можела да биде ќерката на Ен. Тие дознале дека девојката се вика Лори Џонкас и дека сите нејзини податоци се поклопваат. Во август 2017 година, двете за прв пат во животот се сретнале во Мертл Бич во Јужна Каролина.

Двете биле преплавени со чувства, додека Лори во еден момент радувајќи се паднала на колена пред нејзината мајка.

„Ги имаш моите очи, имаш очи како да си моја мајка“, изјавила Лори низ солзи.

Снимката ја објавиле дури сега, затоа што сметаат дека е погоден моментот. Во меѓувреме родителите на Лори починале, исто како и Бет, па Ен и Лори велат дека утехата ја пронашле една во друга.

Текстот (Видео) Мајка за прв пат ја сретна ќерка си по 54 години е превземен од Reporter.mk.