(Фото) Синот на Елена и Вишка стана прваче

Водителката од „Телма“ телевизија, Елена Митева го испрати својот син Дион во прво одделение. Таа се пофали на „Инстаграм“ и сподели фотографија со порака „Прваче, маче, колаче“.

Елена, беше во брак со актерот Висар Вишка, со кого се омажи во 2012 година, а потоа се роди и синот Дион. Лани тие се разведоа, но како што изјави Вишка за “Репортер“ и двајцата останаа во добри односи.

Митева беше дел од тимот на „Утринска на Телма“, заедно со Марко Марк, Цеце Трајковска и Гоце Андреевски. Веста дека менаџменот на телевизијата ја укинува “Утринска“, предизвика реакции во јавноста.

 

Текстот (Фото) Синот на Елена и Вишка стана прваче е превземен од Reporter.mk.