Московскиот државен технички универзитет ,,Бауман” и Институтот за физика ,,Лебедев” заедно развија наносателити на проектот ,,Јарило” за проучување на сонцето, кое планираат да го изведат во орбитата во 2020 година, објавија руските медиуми.
„Планираме во 2020 година да ги лансираме во сончевата синхрона орбита (околу 600 километри) со помош на ракета-носач, како попатно оптеретување“, објаснија од Младинскиот вселенски центар на универзитетот ,,Бауман”.
Групирацијата ќе вклучува два микросателити, кои ќе бидат распоредени во орбитата со помош на соларно едро. Сателитската комуникација ќе се одржува од Центарот за контрола на летови на универзитетот ,,Бауман”.
Од Универзитетот истакнаа дека Институтот ,,Лебедев” ќе обезбеди рендгенски спектрофотометар.
Московскиот државен технички универзитет ,,Бауман” во моментов развива сателит што ќе ја набљудува Земјата од вселената и ќе ја провери одржливоста на новите системи, вклучително и системите за ориентација и стабилизација на сателитите.
Извор: Sputnik
Текстот Русија ќе го проучува Сонцето е превземен од USB.mk.