Поп-ѕвездата Рита Ора викендов одржа концерт во Задар, Хрватска. Таа три дена по настапот, објави неколку слики на „Инстаграм“ и напиша дека на концертот дошле преку 60.000 фанови. Ова налути неколку нејзини обожаватели кои ја обвинија дека претерала со бројките.
„60.000 луѓе во Хрватска. Ви благодарам, супер ми беше“, напишала пејачката на сликата, но брзо потоа добила негативни коментари. „Кого лажеш? Бев на концертот и немаше повеќе од 6.000 луѓе“, е еден од коментарите под објавата.
На сцената со албанската пејачка биле тапанарот, гитаристот и шест танчери, иако наводно, требало да настапи со 25 луѓе. Концертот го почнала со песната For You, а го завршила со хитот Anywhere. Концертот траел само 55 минути.
„Знаете, родена сум не толку далеку од овде, во Приштина. Од мојата земја денес има многу познати музичари“, рекла пејачката пејачка која живее во Лондон откако наполнила 1 година.
Текстот Рита Ора помина неславно на концертот во Хрватска е превземен од Reporter.mk.