(Галерија) Љубов засекогаш-фотографии кои ќе ве разнежнат

Една фотографка од Лондон ги прашала постарите парови дали може да позираат за една романтична сесија. Ефектот од изработката ќе ве инспирира.

Фотографката се обидела да на фотографиите да покаже љубов и флертување измеѓу паровите кои се заедно со децении.

Сујата Сетиа е фотограф од Индија која ги објавувала своите изработки во најдобрите светски магазини како што се Форбс и Венити Феир. Tаа се специјализирала за фотографирање на интимни, семејни моменти. Многу е успешна во својата работа и огранизира фото-работилници за студентите ширум светот: од Ирска до Дубаи. Во текот на последните патувања, Сетиа создала многу интересен проект – романтична сесија на постари парови. Кај и да се појави, таа бара парови кои се во брак долги години. Во замена за поминатото време на снимањето, заљубените парови ги добиваат своите фотографии.

Во интервју за еден американски портал, уметничката раскажала за реакциите со кои се среќава. Првите прашања се секогаш слични: „Кои, ние? Зошто? Постарите парови едноставно не веруваат дека некој сѐ уште може да биде заинтересиран за нивната љубов.“

Сетиа објаснува: „Тоа е само пријатен шок предизвикан од фактот дека никогаш не ни помислиле дека кога ќе имаат по 80 години ќе добијат барање за фотографирање. Кога на крајот, уметничката успева да ги убеди своите модели и им објасни дека тоа не е никаква шала, се создаваат исклучително шарамантни фотографии. Секоја сцена е заробена во сетот на топлиот, сликовит стил.

Пред таа да ги фотографира, најприв мора да создаде атмосфера на сетот. Неоппходно е да се разбие ледот, не само измеѓу неа и паровите, туку и измеѓу самите сопружници. Многу од нив тешко се отвараат пред објективот на камерата и другата половина.

„Им велам да се држат за рака, да се бакнат. Некои парови се смејат, воглавно тоа се мажите. Сликите им се секогаш полни со радост, затоа што мажот и жената едноставно не престануваат да се смејат. После неколку моменти, почената срамежливост почнува да го отстапува местото на реалните чувства, а атмосферата станува романтична – понекогаш дури и премногу.“

Таа признава дека во текот на едно неодамнешно патување во Ирска фотографирала еден пар на плажа кој се чувствувал толку угодно што морала да ги замоли да се смират. „Времето беше ужасно. Врнеше дожд и сите се смрзнувавме. Но и покрај тоа, госпоѓата не престана да го бакнува својот сопруг. Морав буквално да викам: „Марија, престани да се бакнуваш со сопругот. Морам да направам различни снимки!“

Оваа приказна нѐ потсети дека вистинската љубов не знае што е изминување на времето. Страста и заљубеноста се состојба на духот.

Погледнете ги овие интересни и инспиративни фотографии!

Текстот (Галерија) Љубов засекогаш-фотографии кои ќе ве разнежнат е превземен од Reporter.mk.