Меган Маркл на венчавката била со пеги и минимум пудра

Даниел Мартин, стилистот кој се погрижи за изгледот на Меган Маркл на венчавката, во јавноста откри некои од деталите за време на подготовката на војвотката од Сасекс.

Мартин откри дека Меган ја подготвувале заедно со фризерот Серж Нормант, дизајнерката Клара Вајт Келер и Дориа Рагланд.

Мартин одлучил да ја нашминка Меган да изгледа колку што е можно поприродно. Не ѝ го сокрил пегите на нејзиното лице, а користел минимална количина пудра и коректор.

Атмосферата, како што вели тој, во хотелот, за време на подготовката за венчавката била совршена. Невестата била опуштена, а цело време свиреле хитови од 50-тите години.

„Принцот Хари неколкупати ни се заблагодари по венчавката што Меган ја направивме толку природна“, вели Мартин.

 

 

 

Текстот Меган Маркл на венчавката била со пеги и минимум пудра е превземен од Reporter.mk.