Хајди Kлум добила парче од Берлинскиот ѕид, симбол на некогашната “железна завеса“ која речиси полни три децении го раздвојувала градот на источна и западна страна на Берлин. Славната манекенката пред неколку недели се омажи со својот 17 години помлад дечко , музичарот Том Каулиц (29).
Парот речиси еден месец беше на меден на луксузната јахта . По враќањето во својот дом музичарот продолжил да ја изненадува својата сопруга со тоа што ѝ подари парче од некогашниот симбол на Берлин.
„Денес добив посебен подарок од мојот сопруг. Парче од Берлинскиот ѕид кој го разделуваше источниот и западен Берлин околу 28 години. Мојот сопруг роден е позади ѕидот, во источниот дел од Берлин само четири недели пред да го срушат во 1989-та година. Тоа му овозможило да порасне во слободна Германија за разлика од земјата во која што живееле неговите родители. Бил во состојба да доживее слобода, радост, креативност, уметност и надеж“.
Цената на парче од Берлинскиот ѕид во зависност од графитот кој се користел може да чини од 11 до 13 илјади евра.
Текстот (Видео) Сопругот на Хајди Клум и купи парче Берлински ѕид кое чини13 илјади евра е превземен од Reporter.mk.