(Видео) „Душо моја секогаш ќе те љубам“: Новата сопругата на шеф Никола не ги крие емоциите

Готвачот Никола Мишковски, познат како шеф Никола од шоуто „Брза кујна“ вчера наполни 35 години. Неговата сопруга Стефанија на „Фејсбук“ објави видео со неколку заеднички слики и јавно му го честиташе роденденот. Таа не крие колку е заљубена во својот маж, па му испрати романтична љубовна порака.

„Те сакам повеќе од вчера, а помалку од утре. Со секој нов ден мојата љубов е поголема отколку што можеш да замислиш. Среќен роденден душо моја, а јас ќе бидам тука за ти поддржам за да ти се исполнат сите желби“, напиша таа.

Нејзината честитка предизвика воодушевување кај нивните пријатели, кои ем му го честитаа роденденот на популарниот готвач, ем му порачаа дека има прекрасна жена.

Шеф Никола и Стефанија се венчаа пред два месеца. Наместо класична свадба, направија журка за сите пријатели и блиски роднини, а на свадбата гости им беа и шеф Марк и водителката на емисијата, Александра Илиевска. Ова е втор брак за готвачот, а прв за Стефанија.

Фото: Фејсбук

I love you more than yesterday.. but less than tomorrow…Day by day my love for you is bigger than anyone can imagine. Happy birthday my honey and all be here to support all of you’re wishes to come true💕

Posted by Stefanija Mishkovska on Вторник, 03 септември 2019

Текстот (Видео) „Душо моја секогаш ќе те љубам“: Новата сопругата на шеф Никола не ги крие емоциите е превземен од Reporter.mk.