Дневен хороскоп за 5 септември

Овен

Ве очекува период во кој ќе влегувате во ризични ситуации и ќе имате голем број на пречки по патот. Можни се големи проблеми на работното место. Накоро ќе влезете во врска која може да опстане на долги патеки во иднина и да доведе до сериозни одлуки. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на кашлица.

Бик

Не дозволувајте да носите брзи одлуки. Во тој случај влегувате во големи ризици и можни се пробеми на деловно поле. Ви годи вниманието кое го добивате од страна на саканата личност. Можете да очекувате генерално поволен ден за љубов. Внимавајте на здравјето и можната појава на воспаленија.

Близнаци

Ве очекуваат важни случувања кога е во прашање работата. Пред вас се нови одлуки и треба да се подготвите за нив. Ќе водите битка самите со себе си и нема да знаете што сакате кога се во прашање емоциите. Внимавајте на здравјето и вкочанетоста во пределот на рамењата и вратот.

 

 

Рак

Можни се нови пресврти и промени кои на некој начин ќе ја здрмаат вашата деловна стабилност. Ве очекува можност да ја запознаете личноста која од самиот почеток со вас ви буди силни чувства. Внимавајте на здравјето. Се чувствувате одлично.

 

Лав

Ако сакате ново работно место, сега полека ви се отвора можност и да го добиете. Партнерот полека ви го покажува своето вистинско лице. Сè почесто се расправате и не ви се допаѓа фазата во која вашиот однос се наоѓа. Внимавајте на здравјето. Можни се проблеми со притисокот.

Девица

Максимално сте посветени на работата и задволни сте од резултатите кои ги остварувате на ова поле. Со саканата личност имате нови случувања, промени и авантури кои ви го поддигаат нивото на возбуда. Поведете сметка на главоболката.

Вага

Имате многу деловни обврски и подготвени сте да им се посветите на приоритетите за да напредувате. Можни е да сте имале некои недоразбирања во односот со вашиот партнер и сега е време да ги изладите. Внимавајте на здравјето. Можен е пад на имунитетот.

 

Шкорпија

Наскоро ве очекува соработка со странство. На деловно поле ќе имате некои мали промени. Пред вас се интересни случувања со вашата симпатија. Можете да очекувате можност за почеток на врска. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

 

Стрелец

Сметате дека постојат проблеми кои сте ги ставиле под тепих и сега сакате да се решите од нив. Можно е односот со саканата личност да биде доведен во прашање поради недостигот на трпение кај двајцата. Со здравјето сè е во ред. Немате никакви проблеми.

Јарец

Можно е да го направите нешто на работното место за да ги остарите деловните промени кои ви се неопходни. На крајот ќе успеете во целта. Ќе му покажете на вашиот партнер колку ви значи и дека постои можност вашата врска да опстане. Внимавајте на здравјето. Ослободете се од цигарите.

 

Водолија

Ќе имате поволен ден во кој генерално ќе бидете задоволни со деловната ситуација. Нема да има никакви промени кај вас. Можно е да сте подготвени да повлечете некои ризични потези за да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Внимавајте на здравјето. На вашата кожа и е потребна нега.

Риби

Вие сте во одличен контакт со личноста со која очекувате да завршите со важна деловна соработка. Нема знаци за поголеми промени во односот со љубовниот партнер. Вашата врска ќе остане таква каква што била и до сега. Внимавајте на здравјето. Можна е појава на главоболка.

 

 

Текстот Дневен хороскоп за 5 септември е превземен од Reporter.mk.