Северина не сака да му ги плаќа трошоците на Игор, го избрка од дома

Хрватската пејачка Северина го избркала својот сопруг Игор Којиќ од нивниот заеднички дом, велат нивните соседи, а пренесуваат хрватските медиуми. Двајцата подолго време се расправале поради финансиската состојба.

Кавгите најчесто биле поради парите и тоа што синот на балканската ѕвезда Кеба, не плаќал за ништо. Игор живеел на грбот на Севрина, по што пејачката решила да го исфрли од станот.

Една сосетка ги слушнала двајцата како се расправаат на скалите во зградата каде живее Северина. Медиумите пренесуваат дека таа повеќе не сакала да му ги плаќа скапите авионски карти, а неговите патување биле чести поради неговата фудбалска менаџерска кариера.

„Често му префрлаше дека не допринесува со ништо во нивниот живот. Му викаше на скалите цела ноќ“, вели еден од соседите во зградата.

„Па до кога мислиш дека јас ќе плаќам за сè. Не можеш ни авионската карта да си ја купиш. И тоа морам јас да ти го плаќам“, му викала Северина на Игор.

„Игор главно молчеше и не ѝ возвраќаше“, вели изворот.

Двојката на почетокот на бракот живеела одвоено. Тие често за да се гледаат патувале на релација Белград-Загреб или Белград-Сплит. Северина ретко речиси никогаш не објавила фотографии на кои се гледаат нејзините станови во Загреб или Сплит. За разлика од неа Игор често објавувал фотографии од својот стан во Белград.

Двајцата последен пат биле заедно видени во Лесковец на еден настап на Северина на Роштилијада.

Текстот Северина не сака да му ги плаќа трошоците на Игор, го избрка од дома е превземен од Reporter.mk.