(Видео) Слепо момче со аутизам го крена на нозе жирито на популарно музичко шоу

23-годишниот Коди Ли, слепо момче со аутизам, ќе пее во финалето на популарното музичко шоу „Америка има талент“. Тој со своето емотивно пеење го крена на нозе жирито и ја воодушеви публиката. Коди во полуфиналето ја пееше песната You Are The Reason, за која рече дека му е една од омилените.

Коди од самиот почеток е еден од милениците на публиката, но и на жирито, во кое членуваат Сајмон Кауел, глумиците Габриел Унион и Џулен Хоуг, и Хауи Мендел. Сајмон, кого јавноста го знае како еден од најстрогите музички критичари, го пофали Коди за одличното пеење и му рече дека не смее да престане да се занимава со музика.

„Мило ми е што ја избра оваа песна. Таа свиреше во позадина на аудициите кога од Габриел доби ‘златен глас’ и помина директно понатаму“, му рече Кауел на Коди.

Финалето на „Америка има талент“ ќе се одржи на 18 септември.

Текстот (Видео) Слепо момче со аутизам го крена на нозе жирито на популарно музичко шоу е превземен од Reporter.mk.