Дури и во најпознатите холивудски блокбастери со милионски заработки некои работи во приказните едноставно немаат смисла. Не се логични.
Боред Панда направила список од неколку пропусти во филмските сценарија, кои, иако воопшто немаат смисла, од некоја причина сепак останале во сценариото.
1. Армагедон
Во филмот Армагедон, НАСА на помош го бара најголемиот експерт за дупчење нафта Хари Стемпер да им помогне да уништат метеор што ѝ се заканува на Земјата. Но, еден од главните актери во филмот, Бен Афлек, открива голема бизарност. Поедноставно е да ги научите астронаутите да дупчат отколку оние кои дупчат да станат астронаути. Кога Афлек го споменал тоа, режисерот Мајкл Беј му рекол да замолчи.
- Лара Крофт: Томб Рајдер
Целта на Лара во филмот е да го уништи триаголникот кој Илуминатите не можат да го искористат, но откако ќе го најде првиот дел од триаголникот, таа во остатокот од филмот е во потрага по вториот дел. Панда вели дека Лара можела едноставно да го уништи првиот дел од триаголникот затоа што очигледно вториот не може да дејствува без него.
- Приказната за играчките
Ако Баз не верува дека е играчка, туку мисли дека е вистински астронаут, зошто се замрзнува кога ќе се појават луѓето, како и сите други играчки?
- Гравитација
Во филмот Ковалски бара од Стоун да го пушти затоа што јажето не може да ги држи двајцата. Тоа воопшто нема смисла затоа што двајцата се наоѓаат во истата орбита околу Земјата.
- Кодот на Да Винчи
Воопшто не било потребно да се знае шифата за отворање на капсулата во која се наоѓал оцетот од многу едноставна причина. Оцетот се смрзнува на ниски температури и како таков не би можел да ја уништи пораката. Доволно било да се стави капсулата во замрзнувач, да се скрши и да се открие пораката.
6. Мамурлак
Денес секое касино има безбедносни камери на секој агол. Невозможно е цели два дена никој да не забележи дека Даг се пржи горе на кровот.
-
- Пепелашка
Ако магијата прекинува на полноќ, зошто чевелот останува стаклен и по полноќ?
-
- Хари Потер и реликвиите на смртта – втор дел
Во продолжението се споменува дека Хари ги има очите на мајка му. Но, во ова продолжение на Хари Потер во сцената кога неговата мајка Лили и Снајп се појавуваат како деца Лили има кафени очи, а Хари сини.
-
- Еуротрип
Можело да биде избегнато целото патување ако Мике, која ја игра германската актерка и пејачка Џесика Боерс, место да му ја блокира адресата на Скот, му прати порака од друга адреса на е-пошта.
-
- Големиот Гетсби
Кога Ник се обидува да го пронајде Гетсби неколкумина му велат дека никој никогаш не го видел. Но, подоцна во филмот се прикажани флешбекови кои прикажуваат весници со негови фотографии и информации за неговите потези.
Текстот Познати филмови кои кријат тешки бесмислици е превземен од Reporter.mk.