Пејачот Александар Белов се вери со својата долгогодишна девојка, Србинката Јелена Станковииќ. Тој објави слика на „Инстаграм“ од пред манастирот „Свети Наум“ во Охрид и се пофали дека Јелена ќе му биде жена. „Официјално да“, напиша тој и доби бројни честитки од пријателите, но и од фановите.
Белов за „Репортер“ откри дека тие ги завршуваат подготовките за свадбата, а ќе се венчаат на крајот на септември во Крагуевац, од каде што потекнува неговата девојка.
„Со Јелена веќе две години живееме заедно во Крагуевац, па затоа и свадбата ќе биде таму. Скоро се е подготвено за венчавката, поканите се поделени, ние сме спремни. Ќе ни дојдат многу гости од Македонија, мои пријатели, роднини…. Свадбата ќе биде според српските обичаи и ќе трае два дена“, ни раскажа тој.
Александар и Јелена се шест години во врска. Тие се запознаа по учеството на Александар во шоуто „Операција триумф“, а почнаа да се гледаат неколку години подоцна. Долго време врската ја одржуваа на релација Македонија-Србија. Откако се пресели во Крагуевац, Александар постојано настапува во Србија со својот бенд.
Текстот (Фото) Се вери Александар Белов, ќе има голема српска свадба е превземен од Reporter.mk.