NASA и ESA се здружуваат во борбата против опасните астероиди

Доколку човештвото сака да ги сопре опасните астероиди кои ѝ се закануваат на Земјата, државите ќе мора да почнат да работат заедно на случајот.

Американската вселенска агенција NASA и нејзиниот европски ривал ESA ќе одржат состанок во Рим наредната недела на кој главна агенда ќе биде напредокот на истражувачката мисија Asteroid Impact Deflection Assessment чија задача е проучување на можностите за менувањето на траекторијата на астероидите преку судир со вселенско летало. Проектот има за цел да ја смени траекторијата на еден од двата Didymos астероиди кои се наоѓаат помеѓу Земјата и Марс, а летало за набљудување ќе го анализира ефектот од ударот многу подобро отколку да го прави тоа од Земјата.

NASA ќе изработи летало за судир под називот Double Asteroid Impact Test (DART) кое би требало да биде лансирано летото 2021 година. Тоа ќе удри во помалиот од Didymos астероидите, додека италијанскиот сателит LICIACube ќе собира податоци. Потоа ESA ќе ја лансира сондата Hera во октомври 2014 година која ќе има задача да го проучува астероидот и кратерот. Сондата ќе патува две години.

Научниците намерно го одбраа овој пар астероиди бидејќи се лесна мета за тестирање. Нормално, тестирањата се едно, а кризните ситуации нешто сосема друго. Во случај на опасност заштитниот систем би се соочил со поголеми и побрзи астероиди кои би оделе накај Земјата, но сепак ова е важен чекор напред за човештвото.
Извор: Klix.ba

Текстот NASA и ESA се здружуваат во борбата против опасните астероиди е превземен од USB.mk.