(Видео) На полицајка ѝ се слоши за време на говорот на Борис Џонсон

За време на говорот на британскиот премиер Борис Џонсон, на една од полицајките кои стоеја позади него ѝ се слоши. Девојката не се чувствуваше добро, па и самиот Џонсон го прекина говорот, се сврте и ја праша дали е добро.

Многумина од британските медиуми пишуваат и коментираат дека овој настан претставува јасна симболика дека работите се распаѓаат околу него.

Припадниците на полицискиот одред беа распоредени зад говорницата од каде се обраќаше Борис Џонсон, чувајќи ја неговата безбедност од се поголемата бројка на луѓе кои не го сакаат Џонсон за премиер на земјата.

Борис Џонсон го сврте гневот на јавноста кон себе поради инсистирањето Британија да излезе од Европската Унија без договор.

Текстот (Видео) На полицајка ѝ се слоши за време на говорот на Борис Џонсон е превземен од Reporter.mk.