Загина творецот на најголемите хитови на Бијонсе, Лејди Гага, Мајкл Џексон

Творецот на некои од најголемите хитови на познатите светски пејачи Лешон Даниелс загина во сообраќајна несреќа во Јужна Каролина на 41 годишна возраст. Веста за трагичната несреќа ја соопшти неговото семејство.

„Со длабока тага можеме да ви пренесеме за трагичната смрт на нашиот сакан сопруг, татко, член на семејство и пријател Лешон Даниелс. Лешон беше жртва во кобна сообраќајна несреќа која се случи во Јужна Каролина“, објавила на својот „Инстаграм“, сопругата на несреќно починатиот контавтор Ејприл Даниелс.

„Би сакале да ја изразиме нашата искрена благодарност за непрекинатата љубов. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овие тешки моменти“, додала неговата сопруга.

Даниелс освои „Греми“ награда за најдобра R&B песна во 2001 година. Станува збор за хит песната на сингл групата „Дестини Чајлд“, со која се прослави светската пејачка Бијонсе, Say My Name. Во 2014 година повторно беше промовиран во истата категорија за песната Love and War на Тамара Бракстон.
Лешон во текот на кариерата соработувал со многу големи ѕвезди како што се Лејди Гага, Спајс Грлс, Мајкл Џексон, Витни Хјустон и други.

Текстот Загина творецот на најголемите хитови на Бијонсе, Лејди Гага, Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.