Холивудската актерка Анџелина Џоли го обвини поранешниот партнер Бред Пит дека не платил никаква значајна алиментација за повеќе од една година, јавуваат локалните медиуми.
„Пит има обврска да плаќа алиментација. Со денешниот ден, Пит не платил никаква значајна алиментација“, напишала адвокатката на Анџелина Џоли во судскиот документ до кој стигнал NBC.
Некогашната холивудска двојка се раздели пред 18 месеци.
Двојката има шест деца, вклучувајќи три посвоени, на возраст од 10 до 17 години. Џоли побарала целосно старателство над децата по поднесените барања за развод.
Во јуни судот наредил Анџелина Џоли да му овозможи на Бред Пит поголем дел од времето да го минува со своите деца затоа што во спротивно ќе го изгуби примарното старателство.
Во судското решение не се наведува колкава ќе биде алиментацијата, но се наведува дека Џоли ќе побара од Пит износот да го плаќа ретроактивно.
„Бред ги исполнил своите обврски“, изјавил извор близок до Бред Пит за NBC и тоа засега е единствениот коментар од спротивната страна.
Текстот Анџелина го обвини Бред дека не плаќа алиментација е превземен од Reporter.mk.