Моден тренд оваа есен – во бојата на ф’стакот од глава до пети!

Кога и да избереме природни бои за својот аутфит – знаеме дека нема да погрешиме, затоа што некои работи никогаш не излегуваат од мода. А во сезоната која е пред нас, модните експерти советуваат задолжително да понесеме и гардероба со боја на ф’стак. Покрај тоа што лесно се комбинира со другите колорити, оваа нежна зелена боја ќе го стопли секој есенски изглед.

Во продолжение на текстот, погледнете какви предлози имаме за вас кога е во прашање оваа боја.

Есента само по себе изобилува со различни природни бои, па тие се оние и кои се најпосакувани кога станува збор за гардеробата во оваа доба од годината. Ако веќе сте љубител на таквиот колорит – новиот тренд просто ќе го обожавате.

Имено, експертите од светот на модата препорачуваат од глава до пети да се облечете во оваа тренди нијанса и без сомнеж ќе бидете стилска икона. Но, доколку не сте во можност секој детаљ да ви биде таков – и тоа е во ред. Во тој случај бирајте одела или комбинезони и на тој начин осигурете ја доминацијата на оваа боја во својот целокупен изглед.

Кога имате комбинезон кој доминира, лесно можете да го искомбинирате со обувките и торбата со боја на песок или некоја друга природна боја по избор.

 

Ваквиот крој на комбинезонот е нешто полежерен, па слободно можете да го носите и со бели патики или балетанки.

Ако искомбинирате одело со боја на ф’стак можете да направите разни комбинации. Оделото секако можете да го носите и одвоено, а доколку го комбинирате со бела маица и торба ќе изгледате посвежо и тоа ќе го истакне вашиот исончан тен кој љубоморно го чувате сега кога летото е во изминување.

И за крај, да погледнеме како изгледа кога бојата на ф’стакот е застапена од глава до пети. Свилениот комбинезон, чевлите, чорапите и шик бундичката – сѐ е во тренди бојата. Доколку сте се одлучиле за ваквата комбинација ќе изгледате како да сте се симнале од некоја модна писта.

Како и на почетокот на секоја сезона, така и на оваа: извадете ги сите работи од орманот и реорганизирајте ги и освежете го сето она што сте го нашле. Така можеби ќе најдете парчиња на кои потполно сте заборавиле, но и ќе стекнете увид во она што ви недостига.

Доколку не поседувате ништо во оваа боја, имајте на ум дека е време да си набавите.

Текстот Моден тренд оваа есен – во бојата на ф’стакот од глава до пети! е превземен од Reporter.mk.