Дилемата дали и понатаму да се продолжи со производство на исклучителниот ловец-пресретнувач Миг-31 или да се започне работа за развој на нова генерација авиони со слична концепција, покрај руската научна елита ја имаа и народните пратеници. Имено, за првпат за некое оружје се расправаше во Државната дума. Оваа расправа, во која покрај пратениците учествуваа и највисоките воени официјални ликови и експерти од областа на воздухопловството, беше одржана уште во 2013 година.
По исцрпната дискусија на собранискиот одбор, пратениците зазедоа став дека треба да се продолжи со производство на авионот Миг-31. Без оглед на неговата старост, современиот пакет на модернизација предвиден за овој апарат гарантира ефикасна одбрана на територијата на Руската Федерација, и тоа како од воздух, така и од космосот, истакнаа парламентарните претставници. Од друга страна, високите воени гости не се сложија со ваквиот заклучок на парламентарната група, истакнувајќи дека авионот Миг-31 е со застарен концепт и дека е потребно да се започне работа на развој на нова генерација ловец-пресретнувач, со многу поголем број можности.
Извор: Russia Beyond
Текстот Хиперсоничен ловец на сателити и ракети Миг-41 е превземен од USB.mk.