Ѕвездата од „Такси“ претепан во ноќен клуб

Ѕвездата од филмот „Такси“, францускиот актер Семи Насери (57), побарал медицинска помош кога во ноќта меѓу 4 и 5 август е претепан во еден ноќен клуб во Москва, пренесуваат руските медиуми.

Семи во клубот бил со својот брат, а поради инцидентот со другот гостин, кој го удрил со тупаница, бил принуден да го напушти ноќниот клуб.

Францускиот актер веднаш побарал помош, откако бил физички нападнат и исфрлен од клубот.

„Да, примен е. Укажана му е помош и истиот ден е пуштен на домашно лекување“, потврдиле од болницата.

 

Текстот Ѕвездата од „Такси“ претепан во ноќен клуб е превземен од Reporter.mk.