Ники Минаж се повлекува од сцената

Американската рап-ѕвезда Ники Минаж ги изненади и ги разочара своите 20 милиони следбеници на „Твитер“ најавувајќи повлекување од сцената бидејќи претходно не беше објавена никаква информација дека е бремена или мажена.

„Решив да се повлечам и да имам семејство. Знам дека сте среќни сега. На моите фанови – продолжете да ме поддржувате сè до мојата смрт “, напиша Минаж на „Твитер“.

Минаж во јуни објави дека планира да се омажи за своето момче Кенет Пети (Зум), контроверзен музички извршен директор со криминално минато, и во август го промени своето име на „Твитер“ во гoспоѓа Пети, но не кажа дали имало свадба во меѓувреме.

Многу обожаватели одбиле да поверуваат во сериозноста на објавата за крај на нејзината кариера велејќи ѝ да престане да се шегува за вакви работи. Освен тоа, самата Минаж во февруари објави дека го завршила својот петти албум, кој сè уште нема наслов, но без да го објави датумот на неговото излегување.

Текстот Ники Минаж се повлекува од сцената е превземен од Reporter.mk.