Вчеравчер во Охрид се одржуваше традиционалниот фестивал „Охрид-фест“-Охридски трубадури. Во поп вечерта победи Биба Додева . Но, откако таа беше прогласена за победник и се појави на сцена каде ѝ беа врачени наградите, нејзината радост ја прекина актерот Драган Спасов-Дац. Тој обвини дека бодовите од жири-комисијата не се пресметани како што треба.
По оваа рекација, организаторот одлучи да се повтори гласањето, а според претходното рангирање Дац кој настапи на фестивалот во дует со Митевски се најде на второто место, , пренесе Жнески Магазин,
Бида Додева победи со темата “Како некогаш“ , за која текстот го напиша Ана Бунтевска, песна за која таа вели дека е автобиографска .
Дац и Александар настапија со песната „Цреши охридски“. Пред настапот тој рече: Сум настапувал на многу фестивали како актер, сум добил многу награди. Но, ова е фестивал на кој треба да се покажат вокалните квалитети. Имаш пет минути и толку. Со Александар направивме песна која ќе остане во секој од вас, се надевам, а последниот збор е на слушателите. Оваа песна е напишана во Охрид, спотот за неа е сниман во Охрид и јас и Александар сакаме да ја подариме на Охрид“.
Текстот Биба победи на „Охрид Фест“, Дац влета на сцена, било нерегуларно е превземен од Reporter.mk.