На краткиот одмор во Црна Гора Лепа Брена беше со својот сопруг Боба Живојиновиќ кога беше објавено дека нивната снаа Александра Пријовиќ е бремена. На прашањата на новинарите, Брена откри дека јавноста поради лошо пренесената информација од медиумите, погрешно сфатила дека Боба последен дознал за бременоста на снаата.
„Веста дека Александра и Филип ќе имаат бебе одекна во нашето семејство, а тоа нам ни го соопшти Боба, кој прв дозна. Тој знаеше цел месец претходно, но молчеше. Тој е човек со светски манири и таа информација ја чуваше за најблиските членови на семејството, што во јавноста беше погрешно протолкувано. Сепак, сметаме дека родителите треба да одлучат кога треба јавноста да дознае. Ние сме среќни што ќе го имаме првото внуче во семејството“, изјавува Брена.
Текстот Боба прв знаеше за внучето, а не последен, како што пишувавте е превземен од Reporter.mk.