По Скопје, Сараево подготвено за првата Парада на гордоста

Сараево се подготвува за својата прва Парада на гордоста, која ќе се одржи утре, на 8 септември, со цел да ја поддржи и заштити ЛГБТИК заедницата.

Во април годинава, кога беше најавена парадата, Бранко Чулибрк, еден од организаторите, изјави дека парадата ќе се одржи под мотото „Има за излегување“ – фраза која некогаш била користена во босанските автобуси од страна на патниците како знак дека возачот треба да запре за да можат да излезат од автобусот.

Полицијата и организаторите велат дека се убедени дека првата Парада на гордоста на Босна ќе помине безбедно.

Инаку денес во главниот град на Босна и Херцеговина ќе се одржи традиционален ден на семејството. Станува збор за собир кој се организира како одговор против одржувањето на утрешната парада на гордоста.

Текстот По Скопје, Сараево подготвено за првата Парада на гордоста е превземен од Reporter.mk.