Деми Ловато вчера објави фотографија на нејзиниот Инстаграм профил со која предизвика коментари и реакции заради фотографија, на која таа е во бикини . Таа решила са го покаже целулитот и своето тело во реално издание.
„Ова е мојот најголем страв. Фотографија од мене во бикини, нефотошопирана. И погодете што, ова што го гледате е целулит! Јас сум навистина премногу уморна од тоа да се срамам од сопственото тело, фотошопирајќи го постојано (да, другите фотографии на кои сум во бикини, се фотошопирани – и мразам што сум го правела тоа, но таа е вистината). Па еве ме, без срам и страв, горда на моето тело кое се бореше низ разни ситуации и кое ќе продолжи да ме воодушевува, со надеж дека еден ден и ќе родам.. Како и да е, еве ме, вистинската јас. И се сакам таква. И треба да се сакате и вие исто така.”, напиша Ловато под фотографијата.
За само еден ден, фотографијата има над 8 милиони лајкови и речиси 300 илјади коментари, од кои најголем дел со поддршка за пејачката.
Текстот (Фото) “Ова сум јас, со целулит и ми се смачи да правам фотошоп“, Деми Ловато во бикни е превземен од Reporter.mk.