Роси Хантингтон и Џејсон Статам на премиерата на филмот The Meg

Љубовната приказна меѓу Роси Хантингтон и Џејсон Статам трае повеќе од 8 години. Се работи за манекенка и холивудски актер на кои не им пречи разликата од 20 години.

Заедно се од 2010 година и го имаат синот Џек Оскар, кој е роден минатото лето. Двојката се сврши во 2016 година, но се чини дека не им се брза да застанат пред олтарот.

Сите овие години нивните имиња не се поврзани со ниту еден скандал, а својата интима ја кријат како змијата нозете.

Двојката ретко се појавува заедно на црвениот тепих. Секое нивно заедничко појавување на некоја премиера предизвикува голем интерес. Двајцата се појавија синоќа во Лос Анџелес на премиерата на филмот The Meg, на која русокосата убавица повторно го украде вниманието.

Во едноставна, но восхитувачка црна тоалета со деколте, Роси блесна на црвениот тепих. Нејзиниот свршеник се решил за темно син костум и очила за сонце. На истата премира се појавил и Силвестер Сталоне. На актерот се забележливи бројните естетски операции со кои многумина критичари велат дека му го уништиле лицето.

 

 

 

 

 

Текстот Роси Хантингтон и Џејсон Статам на премиерата на филмот The Meg е превземен од Reporter.mk.