(Фото) Карлеуша им прослави роденден на ќерките

Српската пејачка Јелена Карлеуша синоќа им го прослави роденденот на своите ќерки Атина и Ника. Атина наполни 11, а Атина 10 години. Таа за српските медиуми откри што тие посакале за роденден.

„Моите ќерки се скромни и едноставни девојчиња. Тоа се деца кои имаат сè. За роденден верувале или не не сакаа ништо за подарок. Посакаа само убава забава со многу другари. Јас се потрудив да им им ја исполнам желбата. Се надевам дека успеав“, изјавила Карлеуша.

Пејачката се пофали дека на Атина ѝ купила куфер со шминки, додека на Ника ѝ купила две вреќи со играчки кои таа ги обожава. Сопругот на Јелена, Душко Тошиќ не се појавил на роденденската забава поради неговите обврски во Кина.

„Душко е во Кина, има натпревар кој не можеше да го пропушти. Душко ќе се врати за пет дена, па така ќе има еден задоцнет роденден. Душко е прекрасен татко, навистина се труди секој ден на Атина и Ника да им изгледа како роденден. Тие се како другари“, вели Јелена.

Текстот (Фото) Карлеуша им прослави роденден на ќерките е превземен од Reporter.mk.