Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, донесен на распит во суд во придружба на финансиската полиција ги опцу новинарите, пренесува Макфакс.
„Ма идете во пи*ку матер“, рече Јакимовски, прашан за коментар.
Претходно, финансиската полиција на распит ги донесе и службениците кои заедно со Јакимовски се осомничени за злоупотреба на службената положба во делот на три јавни набавки во општина Карпош. Станува збор за тендерите за општинските бараки и за плоштадот во Жданец.
Јакимовски ноќта ја помина во полициска станица. Вчера даде изјава за новинарите пред неговата куќа, каде што негираше вина.
Текстот (Видео) „Ма идете во пи*ку матер“, Стевчо пцуеше по новинарите е превземен од Reporter.mk.