Шкотскиот актер Шон Конери успеа да го преживее ураганот Доријан. Тој со сопругата Мишлин за време на силното невреме се наоѓал во луксузната вила на островот Њу Провиденс, место кое е најнаселено од околу 700 други острови во архипелагот.
Ураганот кој бил проследен со ветрови со јачина од 360 километри на час, уништил преку 20.000 куќи, а според последните информации, во бурата настрадале најмалку 43 луѓе.
„Јас и сопругата сме добро. Имавме среќа за разлика од другите. Кај нас не е направена толкава штета. Се подготвивме добро за невремето. Не сакавме ништо да ризикуваме и дознавме што треба да направиме“, изјавил Конери, кој се прослави во улогата на Џејмс Бонд, агентот 007.
Иако според последните информации настрадале најмалку 40 луѓе при налетот на ураганот Доријан на Бахамите, а бројот на жртви би можел да биде многу поголем земајќи ги во предвид неколкуте илјади луѓе кои се водат како исчезнати. Без кров над главата останале 70.000 луѓе и на нив им е потребна итна помош, храна и чиста вода.
Спасувачките служби низ рушевините и поплавените места на оштетените куќи, извлекле 135 повредени лица. Надлежните побарале доставување на неколку стотина мртвечки вреќи. Формирани се и граѓански милиции, за да се спречи грабеж на оштетените куќи.
Шон Конери неодамна го прослави 89. роденден. Тој со сопругата се забарикадирале во вилата, ги осигурале прозорите и целиот мебел го префриле на безбедно. Актерот во деведесетите години се преселил на Бахамите и живее во луксузниот кварт Лифорд Кеј. Има искусен персонал кој му помогнал да ги преброди ударите на ураганот.
Островот Њу Провиденс се наоѓа на околу 90 милји од островот Велики Абако, кој најлошо мина во налетот на ураганот.
Текстот Шон Конери: Имав среќа да го преживеам ураганот Доријан е превземен од Reporter.mk.